Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Украина ослободи повеќе од 1.456 воени заробеници, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски, за време на годишното обраќање пред украинскиот парламент.
Киев и Москва спроведоа серија размена на затвореници за време на конфликтот, кој влезе во единаесеттиот месец, се потсетува во извештајот на Ројтерс.
Зеленски рече дека ослободувањето на воените заробеници е приоритет и посочи дека се верува дека Русија држи илјадници украински воени заробеници „иако не се познати точните бројки“, пренесе Танјуг.