Косовската полиција денес соопшти дека во раните утрински часови изгореле два камиони во близина на градот Дудин Крш кај северниот дел на Косовска Митровица, јавува Економија онлајн.
Како што се наведува, нема повредени, но причинета е материјална штета.
„Во раните утрински часови било пријавено дека на локацијата Дудин Крш во Северна Митровица биле опожарени два камиона, кои биле на барикади. Покрај материјалната штета, нема повредени, а истрагата е во тек“, се вели во соопштението на полицијата.