Општина Гостивар: Поголеми загадувачи се домаќинствата, не е можно да се открие какви реагенси се користат за греење

од Nikola Popovski
271 прегледи

Општина Гостивар уште во 2020 година усвои стратегија за чист воздух каде беа опфатени низа мерки и активности во сферата на заштитата на животната средина, велат од општината за „Локално“.

Ова следува откако министерот за животна средина Насер Нуредини им соопшти дека општините се должни да ги спроведуваат мерките за заштита на квалитетот на воздухот, а не Министерството за животна средина.

Општината тврди дека лоцирале локална мрежа на мерни станици, субвенционирале граѓани за инвертери за топлење(клими), субвенционирале граѓани за купување велосипеди, изградиле 4 км велосипедски патеким посадиле стотина дрвја, ги прошириле зелените површини во градот,вклучувајки и дворовите на објектите во локалните установи (градинки,училишта итн) и дека организирале разни активности со НВО.

-Планот опфаќа 20 тина мерки за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух , истиот чека да добие мислење од Министерството за животна средина и Министерството за здраство,по што после тоа поминува на Совет.

Програмата за заштита на животната средина за 2023 има предвидени мерки од планот. За прв пат и Буџетот ќе стигне до 14 милиони денари,од кои според планот 7 милиони се предвидени стрества од Буџетот на Општина Гостивар и другите 7 мииони од други државни институции.

Мерките се: енергетска ефикасност( фасади за објекти сто се во надлежност на општината)
– субвенции на соларни панели,топлотни пумпи,електрични скутери, промовирање на електрични возила и изградба на инфраструктура за полнење со струја.

– замена на системи за греење од фосилни горива со еколошко греење( соларни панели,топлотни пумпи,квалитетни пелети и др). И многу други мерки кои се во надлежност на општините, за истите ќе ја запознаеме јавноста преку средби со НВО и јавни дебати, велат од општина Гостивар.

Според нивните сознанија, поголеми загадувачи се домаќинствата, а после нив се автомобилите и индустријата.

-Општина Гостивар има преземено мерки и активности за подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина, но не и казни бидејки не е можно да се открие кој што реагенси користи за греење по домовите. За наредна година имаме планирано активности во соработка со Здраствениот Дом во Гостивар, каде ќе ги активираме и граѓаните да допринесат во заштитата на здравјето, преку заштита на амбиентниот воздух, посочуваат од општина Гостивар.

Н.П.

Слични содржини