Вучиќ ја укина состојбата на зголемена борбена готовност

од Radmila Tasevska
201 прегледи

Состојбата на зголемена борбена готовност во Војската на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, потврдија за Танјуг од Претседателството.

Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово.

Тогаш Вучиќ како врховен командант на војската на Србија наредил војската и сите единици на МУП да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.

Слични содржини