ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСM, ДУИ и Левица не гласаа буџети во неколку општини

од Nikola Popovski
81 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово сооопшти дека „коалицијата меѓу СДСМ, Левица и ДУИ“ не ги гласаше буџетите во Охрид, Бутел, Аеродром и Свети Николе.

Од таму наведуваат детали за состојбите во Советите на општините.

-Во Охрид, СДС, ДУИ и Левица не поддржаа буџет кој ќе значи реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта. Тие беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел, СДС и Левица не гласаа за новиот буџет, со кој се предвидуваат средства за уредување на кејот на реката Серава, нови улици, канализациски системи и нови спортски терени. Коалицијата СДС и Левица без ДУИ, се и против развојот на Свети Николе, тие не го гласаа новиот буџет со кој се одвојуваат дваесетина милиони за нови улици и водоводни и канализациски системи, како и нова балон сала за учениците на Кочо Рацин и нов парк со Памп трака и справи за вежбање. Во Аеродром СДС и Левица не гласаа за буџетот кој значи развој на општината, а со кој се предвидени инвестиции во нови градинки, улици,  паркови и плоштади, велат од најголемата опозициска партија.

Додаваат дека СДСМ, ДУИ и Левица се против развојот на општините низ Македонија.

-Тие се секогаш против кога нема матни зделки и тендери, како што имаат во град Скопје, каде на полноќна седница на Совет префрлаа пари на ЈСП, претпријатие управувано од кадар на СДС, кое склучува мултимилионски договори без попусти кои биле вообичаени години наназад, стои во партиското соопштение од „Белата палата“.