Пронајдено телото на женското лице од велешко кое се фрли во Вардар

од Nikola Popovski
219 прегледи

Регионалниот ЦУК Велес информира дека од СВР Велес добиле информација дека во 12.20 часот денеска, на 02.01.2023 годин во близина на мостот кај с.Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое се фрли во водите на Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес.

Телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место. Потоа, следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител, соопштија од Центарот за управуваање со кризи (ЦУК).

Педесет и петгодишната жена на 31 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес. Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.

Во потрагата освен полицијата, пожарникарите од Велес и кајакари, учествуваше и екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, како и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.

Слични содржини