Намалена видливоста на неколку патни правци, за излез преку Табановце се чека околу еден час

од Nikola Popovski
165 прегледи

АМСМ информира дека поради појава на магла има намалена видливост има на неколку патни правци.

На правците Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово и Кочани – Штип видливоста е од 50 до 100 метри, а на патот  Тетово – Групчин 150 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу еден час, а за влез во државата околу 40 минути. На граничниот премин Пелинце, пак, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Слични содржини