Османи на средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во С. Македонија

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Северна Македонија, Оцука Казуја.

На средбата, Османи изрази уверување дека со неговиот ангажман амбасадорот Оцука ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката. Воедно, се заблагодари за долгогодишната јапонска помош за Северна Македонија, преку која се поттикнува општествениот развој и напредокот на нашиот народ.

Дополнително, Османи ја нагласи и значајната улога на Јапонија во целокупниот регион, што се потврдува преку бројните регионални проекти во рамки на “Јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан”. Соговорниците констатираа дека билатералните односи се на највисоко политичко ниво, нагласувајќи ги заложбите на двете страни за дополнително унапредување на економската соработка и бизнис релациите.

Слични содржини