Поради оваа ФОТОГРАФИЈА од Анџелина Џоли и помлад актер почнаа гласини за нивна романса

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Актерката Анџелина Џоли неодамна беше фотографирана со нејзиниот 26-годишен колега Пол Мескал, ѕвезда на серијата „Нормални луѓе“.

Заедно пиеле кафе откако таа ја гледала неговата претстава „Трамвај по име желба“, пишуваат странските медиуми.

„Баш откако раскина со својата девојка…“ напиша еден корисник на Твитер под фотографијата на Анџелина и Пол во едно лондонско кафуле.

Подоцна им се придружила нејзината шеснаесетгодишна ќерка Шајло.

За потсетување, Мескал и неговата поранешна вереница, пејачката Фиби Бриџерс, раскинаа набргу по веридбата. Иако многумина шпекулираат дека актерот можеби започнал романса со Џоли, ниту еден од нив досега не се огласил во јавноста за ова.

Слични содржини