Блумберг: Берлин размислува да ги заплени замрзнатите руски имовини за да и помогне на Украина

од Radmila Tasevska
164 прегледи

Германија ја разгледува можноста да ги конфискува замрзнатите руски имовини за да помогне во обновата на Украина доколку сојузниците го следат примерот, објави вчера американската агенција Блумберг. Повикувајќи се на добро информирани извори, Блумберг објави дека владата на германскиот канцелар Олаф Шолц „го поддржува барањето на Украина за воени репарации, но сè уште нема заземено официјален став за конфискација на имот во сопственост на руската држава“.