Контроверзниот Ендрју Тејт по апсењето остана без своите луксузни „миленици“

од Nikola Popovski
244 прегледи

Властите во Романија заплениле 11 луксузни автомобили на контроверзниот Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан откако биле уапсени во Романија.

Автомобилите беа конфискувани по нивното апсење на 29-ти декември под обвинение за трговија со луѓе и експлоатација на жени за производство на порнографија.

Рамона Бола, портпаролка на романската истражна агенција DIICOT, во средата за Инсајдер го потврди запленувањето на автомобилите. Таа рекла дека тие биле конфискувани поради „трошоци на истрагата“ и во случај да треба да се финансираат какви било исплати на наводните жртви.

Бола не можеше веднаш да ги потврди марките и моделите на автомобилите, но романскиот медиум „Гандул“ објави фотографии за кои тврди дека ги прикажуваат запленетите автомобили.

Тие вклучуваат Rolls-Royce Wraith од серијата Black Badge и Aston Martin Vanquish S Ultimate. Wraith чини најмалку 360.000 евра, а Vanquish S околу 250.000 евра. Одземени се и BMW X6 M и Porsche Carrera 4S 911 992.

Бола додала дека DIICOT работи на утврдување дали Тејт ги купиле автомобилите со парите од трговијара со луѓе.

Тејт, поранешен професионален кик-боксер кој стана бизнисмен, беше уапсен заедно со неговиот брат и две жени на 29 декември и стана популарен откако се појави на интернет и споделуваше содржина во која се мафташе со неговото очигледно богатство и уживајќи во сексизмот. Во едно од видеата тој изјавил дека жените треба да „сносат одговорност“ доколку бидат силувани.

Обвиненијата наведуваат дека шест жени во шемата за трговија со луѓе биле принудени да снимаат порнографија за онлајн бизнисот на Тејт. Најмалку една од нив бил силувана, се вели во соопштението за печатот на DIICOT.

Тејт и другите првично беа задржани 24 часа, но потоа романскиот суд одлучи притворот да биде продолжен на 30 дена. Тејт допрва треба јавно да одговори за обвинувањата, освен што веќе фрли сомнеж во истрагата и порача дека е заговор. На неговиот Твитер профил во петокот пишуваше „Матрикс ги испрати своите агенти“.

Слични содржини