Американскиот претседател Џозеф Бајден потврди дека се размислува за испраќање борбени возила на „Бредли“ за помош на Украина, објави Блумберг.
Ова го потврдува претходното известување на американските медиуми дека администрацијата на Бајден размислува за испорака на ова возило со лесен оклоп на украинските сили, пренесува Спутник.
Ова пешадиско оклопно возило е опремено со автоматски топ од 25 мм и противтенковски проектили.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека со испраќањето оружје во Украина, Западот ја намалува можноста за мировен процес во иднина.