402
Хакерската група Анонимуси повторно се огласи и му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ да ги очекува и тврди дека ја хакирала веб-страницата на Војската на Србија.
Во низа твитови тие рекоа дека тоа е само почеток и дека наскоро ќе бидат сведоци на „вонредни изненадувања во нивно име“.
„Бидејќи сте подготвени да не предизвикате, ние ќе ви ја исполниме желбата. Ова е само почеток, наскоро ќе бидете сведоци на несекојдневни изненадувања во наше име. Очекувајте не“, стои во еден од твитовите.