Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.
Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи овој случај.
-На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката се уште не е завршена, се анализира видео надзорот. Истрагата е во тек. Има телефонски видео снимки излезени од затворот, но, официјално се уште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со задача да одвои групи што се степале, зошто би одговарал полицаецот?, нагласи Делчев Тодев.
Во овој синдикат членуваат 207 полицајци од затворскиот систем Идризово.