Поддржувачите на екстремно десничарскиот поранешен претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд во бразилската престолнина во неделата, како мрачен потсетник на инвазијата на американскиот Капитол од страна на поддржувачите на Доналд Трамп пред две години.
По неколку часа полицијата ја вратила контролата над зградите. Уапсени се над 400 луѓе.
Левичарскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој го победи Болсонаро на изборите во октомври, најави „федерална безбедносна интервенција“ во Бразилија која ќе трае до 31 јануари, откако демонстрантите успеаја да ги совладаат безбедносните сили. Околу три часа по првичните извештаи за упадот на демонстрантите, безбедносните сили успеаја повторно да ги заземат трите најважни згради во главниот град.
I haven’t shared any videos of Bolsonaro insurrectionists destroying Brazilian congress, but happy to share this perp walk of them getting arrested.
President Lula has already signed a decree to bring them to justice. Someone share this with the DOJ. pic.twitter.com/0PC6Eg6quX
— Qasim Rashid, Esq. (@QasimRashid) January 9, 2023
Лула, кој беше инаугуриран на први јануари, го обвини Болсонаро за разгорување на неговите приврзаници по кампањата со неосновани тврдења за потенцијална изборна измама по крајот на неговото владеење обележано со националистички популизам.
Сојузниците на претседателот, исто така, покренаа прашања за тоа како безбедносните сили во бразилската престолнина биле толку неподготвени и толку лесно совладани од насилници кои поминувале денови на социјалните мрежи најавувајќи демонстрации за време на викендот.
„Тие вандали, кои би можеле да ги наречеме фанатични фашисти, направија нешто што никогаш не било направено во историјата на оваа земја“, рече Лула на прес-конференција за време на официјалната посета на државата Сао Паоло.
„Сите луѓе кои го направија тоа ќе бидат пронајдени и ќе бидат казнети“, рече тој.
Поддржувачите на Болсонаро оставија трага од уништување пред себе, фрлајќи мебел низ скршените прозорци на претседателската палата, поплавувајќи делови од Конгресот со системи за заштита од пожари и уништувајќи свечени простории во Врховниот суд.