Товарен брод со пченка од Украина се насука во Суецкиот канал

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Товарен брод се насука во Суецкиот канал, но пловидбата набрзо беше повторно воспоставена, соопшти Управата за сообраќај на каналот.

Како што јавуваат агенциите, сообраќајот низ каналот не бил нарушен.

Бродот Глори, кој превезувал украинска пченка, се насука во близина на египетската провинција Исмаилија.

Бродот отплови од Черноморско на 25 декември. Пристигна во каналот од Турција на пат кон Кина.

Слични содржини