Папата ја осуди егзекуцијата на демонстрантите во Иран, побара почитување на правата на жените

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Папата Франциск денеска за првпат го осуди егзекуцијата на демонстрантите во Иран и побара поголемо почитување на правата на жените во таа земја во своето традиционално новогодишно обраќање пред дипломатите.

Папата оцени дека војната во Украина е „злосторство против Бога и човештвото“.

Во говорот пред дипломатите акредитирани во Ватикан, Папата апелираше до оние кои имаат политичка одговорност да ги заштитат правата на најслабите и повторно предупреди за заканата од нуклеарен конфликт, истовремено повикувајќи на целосно укинување на нуклеарното оружје, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини