Судот во Иран осуди уште тројца демонстранти против владата на смртна казна, објави денес иранската агенција Мизан.
Салех Мирхашеми, Маџид Каземи и Саид Јагуби беа осудени за „отпочнување војна против Бога“, односно за убиство на членови на милицијата Добронамерна Басиј за време на протестите против владата во Исфахан, пренесува Ројтерс.
Осудените лица имаат право на жалба на пресудата.