Во село во руската република Јакутија температурата се спушти на минус 61 Целзиусов степен

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија денеска се спушти на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на одделението за хидрометеорологија во таа руска република во источен Сибир.

Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени и пониска, пренесува РИА Новости.

Во главниот град Јакутск е минус 42 степени.

Слични содржини