Последната во низата разорни бури одговорни за најмалку 12 смртни случаи ја погоди Калифорнија во понеделникот.
Невремето принуди евакуација на околу 25.000 луѓе, вклучувајќи го целиот град Монтесито и околните области на брегот на Санта Барбара, поради зголемениот ризик од поплави и лизгање на земјиштето, пренесува „Ројтерс“.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи, без индикации дека тоа ќе се промени пред вечерта“.