Состојки:
– 60 гр излупени бадеми
– 90 гр шеќер
– 60 гр путер
– 250 гр чоколадо (70% какао)
– 125 мл шлаг
Глазура:
– 100 гр чоколадо за готвење
– 100 гр млечна чоколада
Подготовка:
Бадемите ситно исечкајте ги и ставете ги во плех на хартија за печење, па печете ги во рерна на 180 степени 10 минути додека не добијат убава златно-кафеава боја.
На умерена температура растопете го шеќерот и 60 мл вода и варете со благо мешање додека не добиете златна боја. Измешајте ги бадемите и варете околу три минути
Смесата истурете ја на подмачкана хартија за печење и оставете ја да се излади. Бадемите се дробат или се мелат.
Во помал сад растопете го путерот. Се трга од оган, се додава чоколадото, се промешува да се растопи чоколадото и се меша шлагот. Смесата изладете ја на собна температура и додадете ја смесата од бадеми.
Од добиената смеса формирајте околу 40 топчиња.