162
Либанската милитантна организација Хезболах денеска ги осуди карикатурите кои неодамна ги објави француското сатирично списание „Шарли Ебдо“, во кои се исмејува владејачкото свештенство во Иран и ја повика Франција да го казни објавувањето.
Хезболах, кој е сојузник на Иран, рече дека навредливите карикатури се „грд потег“ на весникот насочен кон иранскиот ајатолах Али Хамнеи, почитуван како духовен водач на десетици милиони побожни шиити ширум светот, вклучително и во Либан, објави „Ројтерс“.
Членовите на Хезболах, шиитска организација, исто така го сметаат Хамнеи за свој верски водач.