148
Претседателот на Советот на Европската унија Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ и нејзините земји членки ѝ помогнале на Украина со 50 милијарди евра од почетокот на руската инвазија.
„Заедно ЕУ и нејзините земји-членки дадоа речиси 50 милијарди евра“, рече тој на прес-конференцијата.
Мишел ова го изјави по потпишувањето на Заедничката декларација за соработка ЕУ-НАТО.