Украинските сили и вечерва ги држат своите борбени позиции во градот Соледар на истокот на Украина и се спротивставуваат на масовниот руски напад, изјави Хана Малијар, заменик министер за одбрана на Украина.
Британското Министерство за одбрана претходно соопшти дека по четиридневно напредување, руските сили веројатно успеале да заземат поголем дел од градот, велејќи дека тоа е редок успех за руските војници по серијата понижувачки повлекувања минатата година, пренесува Ројтерс.
„Тешките битки за Соледар продолжуваат. Непријателот ги игнорира неговите тешки загуби и продолжува активно да напаѓа. Нашите борци храбро пружаат отпор долж одбранбената линија“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малијар.