По минатогодишната пауза, Златните глобуси се вратија на Беверли Хилс. Синоќа беа доделени престижни награди на најдобрите филмски и телевизиски продукции на годината.
Пред почетокот на церемонијата, сите погледи беа вперени во холивудските ѕвезди кои прошетаа на црвениот тепих. Познатите личности од светот на филмот и музиката ги покажаа најдобрите изданија на самиот почеток на годината.
Меѓу нив беше и пејачката Ријана, која беше номинирана за најдобра песна за нејзината работа на „Lift Me Up“ во Black Panther: Wakanda Forever.
Убавата Ријана сиот свој гламур го донесе во плиш и дијаманти. Таа го прескокна црвениот тепих, но беше забележана и на доделувањето, пристигнувајќи со нејзиниот партнер Асап Роки.
Убавицата од Барбадос облече тесен топ фустан, а над него носеше кадифена наметка која синоќа ја забележавме кај бројни гости. Нејзината шминка беше едноставна, но затоа вниманието го сврте кон необичната фризура.