Повторно проработе блок 3 во РЕК Битола

од Nikola Popovski
259 прегледи

Блок 3 на РЕК Битола е ставен во функција, информираа од АД ЕСМ.

Додаваат дека вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија.

-Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред, појаснуваат од АД ЕСМ.

Оттаму велат дека Блок 3 на РЕК Битола е повторно вклучен во работа после 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.

Слични содржини