ДОГОВОР ОД СОНИШТАТА: 80 милиони евра за Меси, без бонуси

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Долго време Аргентинецот Лео Меси беше растргнат за својата иднина, се зборуваше за враќање во Барселона, дури и за заминување во САД. ПСЖ неколку месеци се обидуваше да се договори, но одговор доби дури по Светското првенство во Катар, каде што се искачи на тронот. И ја добија најдобрата вест – ПСЖ и Меси ја продолжуваат соработката!

Најдобриот фудбалер на сите времиња ќе добие одлични услови. Во следната сезона ќе заработи дури 40 милиони евра, со што ќе стане трет најплатен во светот, зад нереалните договори на Кристијано Роналдо во Ал Наср и неговиот соиграч од Париз, Килијан Мбапе.

Тоа значи дека за две години во Париз Меси ќе добие вкупно 80 милиони евра, фиксни, без бонуси, а знаеме дека се лесно остварливи кога е во прашање ваков ас, покрај тоа што се очекува да собере трофеи во Франција.

Останува прашањето дали Меси ќе ја заврши кариерата на Паркот на принцовите во Париз, бидејќи кога ќе го заврши договорот ќе има 38 години, или ќе има желба за уште еден договор.

Слични содржини