Бред Пит го напушта актерството? Холивудскиот заводник има нови интереси

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Бред Пит минатиот месец продаде мнозински удел во успешната холивудска продукциска куќа План Б.

Таа компанија ја основа со Џенифер Анистон уште додека беа во брак, а овој потег американските медиуми го толкуваат како негов осврт кон нешто „помирни води“.

„Бред размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција, каде што ќе се занимава со лозарство, уметност, архитектура и производство на мебел. Тој само сака да живее во мир“, открил извор за Page Six.

Инаку, самиот актер зборуваше за повлекување од актерството во јуни минатата година.

„Мислам дека сум во последниот семестар или квартал“, изјави тогаш Пит.

Слични содржини