202
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги исмеа тврдењата на Русија дека ја презема контролата врз градот Соледар во источна Украина и рече дека борбите сè уште траат.
Руската платеничка група Вагнер во вторникот соопшти дека ја презела целосната контрола над Соледар, иако борбите продолжуваат во центарот на градот, пренесува Ројтерс.
Соледар е рударски град во близина на Бахмут, кој беше во фокусот на рускиот напад чија цел беше заземање на Донбас.