Шри Ланка: Поранешниот претседател осуден бидејќи не спречил терористички напад во 2019 година

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот суд на Шри Ланка ги осуди поранешниот претседател Маитрипала Сирисена и четворица други високи владини функционери за неуспехот да го спречат терористичкиот напад во 2019 година во кој загинаа најмалку 290 луѓе.

Според вчерашната пресуда, Сирисена е одговорен за непреземање соодветни мерки за спречување терористички напад, иако имал веродостојни предупредувања од разузнавањето, пренесува Си-Ен-Ен.

Сирисена ќе треба да плати околу 252.000 евра на семејствата на жртвите од терористичкиот напад, додека другите функционери за истите цели ќе треба да платат вкупно околу 530.000 евра.

Слични содржини