Во 2022 година околу 330.000 мигранти се обиделе да влезат во ЕУ, најмногу од 2016 година

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Околу 330.000 мигранти се обиделе неовластено да влезат во Европската унија минатата година, што е најголем број од 2016 година, соопшти денеска Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Според прелиминарните пресметки, половина од обидите во текот на 2022 година биле по копнени патишта, преку регионот на Западен Балкан, соопшти Фронтекс.

Без оглед на маршрутата на влез, Сиријците, Авганистанците и Тунижаните заедно сочинуваат околу 47 отсто од обидите за преминување на границата. Во повеќе од 80 проценти од обидите за влез учествувале мажи, пренесува АП.

Последните податоци на Фронтекс не ги вклучуваат речиси 13-те милиони украински бегалци регистрирани на надворешните граници на ЕУ меѓу февруари и декември.

Слични содржини