Инцидент во Молдавија: Делови од проектил паднаа во близина на границата со Украина

од Nikola Popovski
128 прегледи

На северот на Молдавија, во близина на границата со Украина, паднале делови од ракета, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.

Како што пишува молдавскиот портал Телеграф, остатоците се пронајдени во близина на селото Ларги во регионот Бричани. По пронаоѓањето на остатоците, известени се Службата за итна помош и регионалното јавно обвинителство.

Граничната полиција го обезбедува просторот околу местото каде паднале делови од ракетата.

-Ова е трет случај како на територијата на Република Молдавија паѓаат остатоци од проектили од бомбардирањето на Украина. Како и во претходните случаи, надлежните институции ги преземаат сите потребни дејствија согласно процедурите, пишува молдавски „Телеграф“.

Слични содржини