Прогласена новата Мис Универзум

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Арбони Габриел од САД е новата Мис Универзум. Прва придружничка беше Аманда Дудамел од Венецуела, а втора придружничка Андреина Мартинез од Доминиканска Република.

Арбони Габриел е родена во Хјустон во 1994 година.

Таа влезе во историјата во декември 2021 година како првата Американка со филипинско потекло која ја освоила титулата Мис Тексас САД.

„Татко ми се пресели во Америка од Филипините со стипендија за колеџ и со околу 20 долари во џебот. Сакаше да си го отвори патот за нов живот. Во Тексас ја запозна мајка ми, селска жена од Бемонт“, изјави таа за KTRK-TV во октомври 2022 година.

Габриел е моден дизајнер, модел и инструктор за шиење. Таа дипломирала за моден дизајн на Универзитетот во Северен Тексас.

Новата Мис Универзум е и извршна директорка на линија за одржлива облека. Според нејзината официјална биографија, нејзината „мисија е жените и младите девојки да се видат себеси во неа и да се чувствуваат инспирирани да ги победат своите цели прифаќајќи ги тоа што се“.

Слични содржини