116
Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП.
34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин во провинцијата Лиаонинг.
Локалната Влада покажа фотографии од густиот чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.