Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи утрово имал средба со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Во рамки на средбата, Османи ја реафирмираше позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ.
-Со нападот на Украина, Русија ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права. Ова е позицијата на Северна Македонија која секако ќе ја задржиме и како земја претседавач со ОБСЕ. Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку се компликувани состојбите на терен, истакна Османи, додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власт околу можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина.