Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени денеска за време на протестот против ископувањето јаглен во рудник во близина на градот Лицерат на Рајна, соопшти германската полиција.
Тунберг, која им се придружи на демонстрантите во петокот, беше видена како седи во голем полициски автобус по нејзиното апсење, објави „Ројтерс“.
„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон платформата, по што беше запрена и одведена на проверка на идентитетот“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.