Шакира до мајката на Пике: „Никогаш повеќе нема да те послушам“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Колумбиската пејачка Шакира пред неколку дена направи вистинска врева во јавноста објавувајќи ја новата песна „Music Sessions Vol.53“.

Во споменатата нумера таа жестоко го осуди својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, како и мајката на Пике, Монсерат Бернебај.

Со оглед на тоа што Монсерат остана да живее во соседството на Шакира, пејачката на својата тераса стави фигура на вештерка која ја насочи кон нејзината куќа, а видеото од ова брзо се прошири на социјалните мрежи.

Шакира и минатата година ја прозва мајката на Пике, а сето тоа поради фризурата што пејачката ја имаше во 2012 година.

Имено, таа за британскиот „Вог“ ги коментираше нејзините различни изданија низ годините, а кога наиде на фотографија направена во периодот кога имала многу пократка коса, рекла дека на тоа „ја наговорила нејзината свекрва“.

„Ова е навистина лоша фризура. Тогаш го послушав советот на свекрва ми, која ми рече: ‘Зошто не ја скратиш косата? Прилично е оштетена’“, започна Шакира.

„Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Свекрво, никогаш повеќе нема да ги слушам твоите совети за убавина“, додала пејачката.

Слични содржини