Кинескиот BYD наскоро ќе понуди нов електричен автомобил „Seagull“, а неговите први слики се појавија благодарение на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT).
Накратко, овој хечбек со 4 седишта е долг 3780 mm, широк 1715 mm и висок 1540 mm, со меѓуоскино растојание од 2500 mm.
Максималната тежина е помеѓу 1160 и 1240 кг, додека тркалата се 15 и 16 инчи.
Засега нема официјални слики од внатрешноста, но се најавуваат два дисплеи на контролната табла и волан со три краци.
Електричниот мотор ќе има 55 kW/75 КС и батерии FinDreams од 30,7 kWh.
Цените на кинескиот пазар ќе се движат од 60.000 до 100.000 јуани (од 8.195 до 13.655 евра), во зависност од верзијата.