BMW M3 CS на први фотографии

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Иако BMW M3 CS (G80) својата светска премиера ќе ја има на крајот на овој месец (во 24 часа Дејтона, односно викендот од 27 до 29 јануари), неговите први официјални фотографии веќе се појавија во јавноста.

Пакетот вклучува нов преден спојлер, спојлер на багажникот, покрив изработен од пластика засилен со јаглеродни влакна, нови тркала, модифицирана суспензија М и издувен систем, опционални карбонски керамички сопирачки, лесни спортски седишта, волан со алкантара и карбонски влакна…

Под хаубата треба да има засилен 3.0-литарски твин-турбо мотор со шест цилиндри, со околу 550 КС, а гласините сугерираат дека автомобилот би можел да биде опремен со M xDrive погон на четири тркала и автоматски менувач.

Прочитајте повеќе:

Според некои претходни најави, M3 CS ќе се нуди само на ограничен временски период, а производството треба да започне во март оваа година.

Повеќе детали следуваат по официјалната премиера.