207
Обвинителката на првата судска област на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтви, денеска поднесе обвинение за убиство од небрежност против холивудскиот актер Алек Болдвин за пукањето на сетот на филмот „Rust“, во кој беше убиена снимателката Халина Хачинс.
И Хана Гутиерез Рид, која беше задолжена за оружјето за време на снимањето, исто така беше обвинета и за убиство од небрежност.
Помошникот директор Дејвид Холс склучил договор за признавање на вината во кој признал невнимание при употребата на оружје, се вели во соопштението на обвинителката.