Институтот за проучување на војната (ИПВ) објави нова проценка за ситуацијата во Украина.
Во неа се наведува дека високи претставници на Кремљ продолжуваат да одржуваат средби на високо ниво со белоруското раководство. Тоа би можело да создаде услови за голем руски напад врз Украина од Белорусија, но, додаваат, тоа веројатно нема да се случи во наредните недели.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин вчера разговараа за неодредена билатерална воена соработка, неодредени стратешки мерки за одвраќање и „напредокот во подготовката“ на заедничка руско-белоруска регионална трупна група.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера во Минск се сретна и со белорускиот претседател Александар Лукашенко и разговараше за нејасната руско-белоруска „заедничка визија“ за руската војна во Украина.
Лавров и белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алејник разговараа за тоа како Русија и Белорусија можат да ја победат „актуелната западна хибридна војна против државите“ и потпишаа меморандум за соработка „за обезбедување биосигурност“.
Овој меморандум може да биде водечки показател за интензивирањето на постоечката руска информативна операција која лажно ја обвинува Украина за развој на хемиско или биолошко оружје во наводните биолаборатории финансирани од САД во Украина, што беше дел од изговорот на Кремљ за инвазијата што започна пред речиси една година.
ИПВ забележува дека нападот врз Украина од Белорусија е поверојатен на крајот на 2023 година отколку во првите месеци од годината.
NEW: Senior #Kremlin officials continue holding high-level meetings with Belarusian national leadership – activity that could be setting conditions for a Russian attack against #Ukraine from #Belarus, although not necessarily and not in the coming weeks. https://t.co/94oH0NvwM7 pic.twitter.com/VAhksWfUum
— ISW (@TheStudyofWar) January 20, 2023