155
Најмодерната фрегата на руската морнарица „Адмирал Горшков“, која носи хиперсонични ракети Циркон, ќе ги надополнува резервите во сириското пристаниште Тартус и ќе учествува во заеднички вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица во Индискиот Океан, изјавил воено-дипломатски извор за ТАСС.
Агенцијата се уште официјално не ја потврди оваа информација.
Поморски вежби, на кои треба да учествуваат бродови од Русија, Кина и Јужноафриканската Република, ќе се одржат од 17 до 27 февруари.