Секој државјанин на Р. Бугарија е добредојден да ги посети културните и историските споменици но притоа но не смее да ги навредува граѓаните на Р. Северна Македонија и да го негира постоењето македонскиот народ, истакна Бујар Османи, министерот за надворешни работи во интервју за БТВ.
Во вчерашното гостување во бугарската телевизија запрашан дали државјаните на Р. Бугарија ќе бидат безбедни доколку дојдат да положат цвеќе во црквата Св. Спас по повод годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев на 4 февруари, Османи истакна дека Р. Северна Македонија е отворена за сите туристи кои сакаат да ги посетат културните и историските знаменитости на државата.
„Добив една информација дека државјаните на Р. Бугарија се едни од државјаните кои најмногу ја посетуваат Р. Северна Македонија во туристички цели тоа значи дека има политика на државата да биде отворена за секој граѓанин и на Р. Бугарија. Меѓутоа тоа што го кажав денеска доколку било кој дојде во Република Северна Македонија и ги навреди граѓаните во Република Северна Македонија и го негира постоењето на цел еден народ верувајте ќе мора да го адресираме тоа прашање и да го кажеме дека тоа ќе биде последното доаѓање во Р. Северна Македонија. Секој граѓанин на Р. Бугарија е добредојден во Р. Северна Македонија да ги посети сите историски и културни споменици, но ве молам да внимаваме на достоинството на граѓаните на народите коишто живеат на Р. Северна Македонија и да се почитуваме еден со друг“, рече Османи.
При посетата на Софија министерот Османи, заедно со својот бугарски колега Николај Милков, вчера го посетија нападнатиот македонски државјанин од Охрид, Христијан Пендиков кој е и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.