119
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека конфликтот меѓу Русија и Западот повеќе не може да се дефинира како „хибридна војна“, туку дека е поблиску до вистинска војна.
Лавров го осуди Западот за испраќање оружје во вредност од милијарди долари во Украина, објави „Ројтерс“.
Лавров рече дека Украина ги отфрла мировните преговори и посочи дека колку подолго трае конфликтот, толку потешко ќе биде да се дојде до решение.