224
Принцезата Јуџин, внука на покојната кралица Елизабета Втора, чека второ дете со сопругот Џек Бруксбанк, пишува „Дејли мејл“.
„Принцезата Јуџин и господинот Џек Бруксбенкс со задоволство објавуваат дека го очекуваат своето второ дете ова лето“, соопшти денеска Бакингемската палата.
Јуџин и Џек се венчаа во 2018 година во Виндзор, а минатата година го добија своето прво дете, син.
Родителите го нарекле малиот Август Филип Хок Бруксбанк.