Утре без вода дел од општините Центар и Карпош

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, без вода ќе останат корисниците на Криви Дол, Момин Поток, дел од улицата „Скупи”, потегот од булеварот „8 Септември” до булевар „Илинден” и сите околни стопански објекти.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач (шибер) ф400мм на булеварот „8 Септември” раскрсница со Скупи.

Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот.

Слични содржини