На средба со потпретседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ разговаравме на повеќе теми, во насока на продолжување и унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Заеднички констатирале дека односите меѓу двете земји се пријателски и партнерски, а ќе продолжат да се продлабочуваат преку проширување на соработката, зацврстување на взаемната доверба, разбирањето и добрососедството.
Тема на разговор беше и отворањето на почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, нормализирањето на односите помеѓу двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ.
„Продолжуваме со патнерството и пријателството со Србија и српскиот народ и со поддршката на српската заедница како дел од нашиот концепт Едно општество за сите“, сподели Спасовски.