Нов терористички напад во Ерусалим (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Две лица се повредени во терористички напад на археолошкиот локалитет Давидовиот град во Ерусалим, во вториот напад во градот во последните 24 часа.

Напаѓачот отворил оган на улицата Маалот, во близина на влезот на локалитетот и бил застрелан од двајца цивили кои носеле дозвола за оружје. Напаѓачот наводно е 13-годишен жител на источен Ерусалим, а откако бил застрелан, бил приведен и укажана му е помош во амбулантно возило, соопшти израелската полиција.

Повредените мажи (на возраст од 22 и 45 години) се здобиле со прострелни рани на горните екстремитети.

Инаку, полициските сили на Шин Бет пристигнаа на местото за неколку минути поради зголемената полициска внимателност по вчерашниот напад пред синагога во источен Ерусалим.

Полицијата во моментов го истражува идентитетот на убиецот, а во тек се рации низ градот, пренесе „Ерусалим пост“.

Портпаролот на Хамас, Хашем Касем го поздрави нападот, велејќи: „Херојската акција е потврда за продолжување на операцијата на отпорот на сите окупирани територии и како одговор на злосторствата од окупацијата врз нашиот народ и свети места“.

Слични содржини