Грковска: Треба и мора да има одговрност за сите кои не работат и не постапуваат во согласност со законите

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Јас немам илузии дека корупцијата може од корен да се искорени, но верувам дека таа може да се намали, да се стави под значајна контрола, и што е најважно верувам дека треба и мора да има одговорност за сите оние што не работат и постапуваат во согласност со законите, рече вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на конференцијата „Година на нови можности“.

Таа додаде дека ова се нашите најголеми реформски предизвици на кои мора да се посветиме во периодот што претстои што ќе доведе до менување на свеста на начинот на кој што живееме и функционираме денес.

„Не е лесно да се промени свеста преку ноќ, но јас верувам дека сме на добар пат, заеднички и со граѓанскиот сектор и со силна поддршка од нашите меѓународни партнери да постигнеме напредок. Граѓаните се веќе суперсензитивни на корупција, на недомаќинско работење, на секаков вид злоупотреби на службената должност. Граѓаните бараат правда, бараат владеење на правото, бараат еднаквост пред законот и ние мора тоа да им го овозможиме“, рече Грковска.

Вицепремиерката додаде дека борбата против коурпцијата е неопходност, не само поради евроинтегративниот процес, туку поради сите нас, поради граѓаните и поради младите кои само на таков начин ќе ги задржиме во државата.

Слични содржини