Се омажи Рита Ора: Нема да го сменам презимето, вложив многу во него

од Nikola Popovski
153 прегледи

Британската пејачка со косовоско потекло Рита Ора неодамна го претстави својот сингл „You only love me“, а во интервју за радио станицата „Heart Radio Breakfast“ конечно призна дека стапила во брак.

Светски познатата пејачка ги потврди шпекулациите во јавноста за нејзиниот брачен однос со режисерот Таик Ваитити.

-Да, се омажив. Сега сум официјално надвор од пазарот. Решив да ја држам врската што подалеку од очите на јавноста, но со мојот нов спот – беше навистина потешко, рекла таа.

Ора зборувала и за својата венчавка.

– Беше совршено – токму онака како што сакав. Дефинитивно размислував да го земам неговото презиме, но работев многу на мојата „Ора“. Не знам, не сум одлучила што да правам со презимето, изјавила пејачката.